Македонија

„Стоби“ заедно со својот кинески партнер со донација во борбата против коронавирусот

14 May 2020
Донација од 32.000 заштитни маски испратена до винарницата „Стоби“ од страна на  долгогодишниот деловен партнер од Кина.
 
Пораката на партнерите од Кина е јасна, тие се изборија со коронавирусот, а истото им го посакуваат и на своите партнери и пријатели во Македонија. За таа цел, како знак на поддршка, за вработените во „Стоби“ се испратени 2.000 заштитини маски, а преостанатите 30.000 ќе бидат наменети како донација за граѓаните на Македонија. Тие 30.000 маски кои кинескиот партнер ги донираше за граѓаните на Македонија, се во Министерството за надворешни работи и според нивните протоколи ќе бидат распределени онаму каде што се најмногу потребни, соопштија од „Стоби“. 
 
Винаријата „Стоби“ и кинескиот партнер бележат успешна соработка и подем во пласман на македонско квалитетно вино на кинескиот пазар. Во последниве пет години е забележана продажба на 2.000.000 шишиња на тој пазар, со континуиран раст на продажбата. З


@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...