Македонија

До 5.000 евра казна за компаниите кои ќе ги зголемат цените

20 Mar 2020

Компаниите кои нема да ги почитуваат правилата и ќе ги покачат цените, ќе бидат казнети со парична казна до пет илјади евра, најави Стојко Пауновски од Државниот пазарен инспекторат. 

Според него, сите цени кои се покачени по 11 март ќе се вратат на исто ниво како пред овој датум. Оние кои ќе се обидат да профитираат, ќе се казнуваат според членовите 205 и 206 од Кривичниот законик. 

Владата на  седница донесе Одлука за замрзнување на цените на основните продукти и тоа на леб, сол, зејтин, млеко и млечни производи, јајца, брашно, месо, тестенини, лекови и дезинфекциони средства со состојба на денот на прогласување на пандемијата од Светската здравствена организација (СЗО), односно на 11.03.2020,  освен за оние за кои има доказ дека се зголемени влезните фактури.

 

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...