На 5 март се отворија вратите на новата дрогерија dm во „Поинт ритеил парк“ на бул. Македонско-косовска бригада, бр. 67 во скопската населба Бутел.
Новиот продажен објект е со вкупна површина од 355 м2, од кои 302,94 м2 се продажен простор.
Со понуда од повеќе од 13.500 производи, од кои над 700 се од домашни производители, dm важи за место каде може да се најде „Сѐ на едно место“ од сегментот за нега и убавина, природна козметика, органска храна, како и средства за лична хигиена, производи за домаќинството и нега на бебиња. Речиси 4.000 производи се приватни трговски марки (Balea, alverde, dmBio, babylove и Denkmit), кои се со идентичен квалитет во сите 13 земји во кои dm работи, се наведува во соопштението на компанијата.
На денот на отворањето од 18 до 19 часот на касата во новата дрогерија dm потрошувачите беа услужувани од инфлуенсерката Анита Латифи. Средствата собрани во овој период ќе бидат донација за Заводот за рехабилитација на деца и младинци.
Со отворањето на овој објект, dm во Македонија е присутен со 17 продажни објекти, од кои 12 се во Скопје, а по еден продажен објект има во Тетово, Велес, Куманово, Штип и Битола.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.