Македонија

Започнува креативниот награден конкурс на Magic - Направи магија вредна 500. 000 денари

20 May 2024

„Меџик МГ“ која е дел од „Малиќи груп“ од денеска го отвора креативниот награден конкурс за Magic, наречен „Направи магија и освој 500.000 денари“.

Станува збор за почеток на кампањата на производите  Magic, најздравите грицки за сите возрасти, со која ги повикуваме креативните граѓани од земјава да направат „магично„ видео со Magic, да го пласираат на социјалните медиуми и со тоа да добијат можност да освојат неверојатни 500.000 денари. Епа,Направи магија вредна 500.000 денари!, соопштуваат од компанијата.

Најкреативното видео направено со било кој производ од ребрендираната линија на грицки ќе биде наградено со неверојатни половина милион денари.

Под мотото „Направи магија и освој 500.000 денари“, компанијата „Меџик МГ“ го промовираше новиот дизајн и новите линии на грицки, Magic. Освен новиот дизајн и пакување, новитет се и трите нови линии кои вклучуваат уникатни комбинации на внимателно избрани вкусови: линиите Бејзик, Актив и Чоко.

Како до половина милион денари? Едноставно: Сними или анимирај креативно видео кое ќе ја долови магијата на новите вкусови и ќе го објавите на било која социјална мрежа (Facebook, Instagram или TikTok). Не заборавај да го вклучиш хаштагот #makemagic и тагни го профилот на Magic, од (Facebook, Instagram, или TikTok). Следи ги профилите на социјалните мрежи на @magic за да дознаеш дали токму ти ќе освоиш фантастични половина милион денари.  Наградниот конкурс трае од денес, 20 мај, до 20 јуни, соопштуваат од компанијата.

Сите детални и информации за наградниот конкурс се наоѓаат на следниот линк: https://magic.com.mk/nagraden-konkurs/

Производите на Magic со својот нов, впечатлив дизајн се веќе достапни низ сите поголеми маркети, како и помали локални трговски места низ државата. 

Извор/Фото: „Малиќи груп“



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...