Македонија

„Бимилк“ подароци за децата од социјално загрозените и ранливите категории низ цела Македонија

26 Dec 2022

За повесели и посреќни празници „Бимилк“ и оваа година за децата од ранливите категории донираше новогодишни пакетчиња низ цела Македонија.

Празниците се период за споделување, а новогодишните празници се најголемата радост за децата. Тоа што живееме во време на економска нестабилност не треба да нè спречува како општествено одговорни компании сите да помогнеме и да придонесеме за секое дете да ја почувствува радоста и задоволството на празниците. Лично сметам дека е наша обврска да ѝ вратиме на заедницата во која дејствуваме, бидејќи токму таа заедница е онаа што го гради брендот „Бимилк“ веќе 70 години наназад. Децата се нашата клучна категорија и секој придонес за нивно подобро здравје е наша долгорочна цел и заложба на која континуирано работиме, изјави Полексена Јанкуловска, регионален маркетинг - менаџер во „Бимилк“. Пакетчињата содржат различни млечни производи со овошни и чоколадни вкусови и сокови од портфолиото на компанијата.

Новогодишни подароци од „Бимилк“ ќе добијат 780 деца од осум социјални и згрижувачки центри од целата држава. Распределбата и доставата до децата се одвива преку организациите на Црвен крст, општинска организација Кисела Вода и општинска организација Битола, Дневен центар за лица со Даунов синдром „Доза среќа“, Институт за Церебрална парализа - Битола, Граѓанско здружение за унапредување на образованието кај Ромската популација „Ирхом Топаана“, Центар за лица со Даунов Синдром/Инвалидитет – Битола, СОС детско село и Детскиот креативен центар во склоп на МКЦ, Аутизам ААМК. 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...