Инспиративни, креативни и полни со податоци, проследете ги предавањата на говорниците на вториот Skopje Marketing Summit денеска, со почеток во 9.15 часот, на следниот линк.
Skopje Marketing Summit инспиративно место каде што можат да се сретнат најдобрите маркетинг-професионалци, креативци и вљубеници во маркетингот. Настанот ќе ни донесе интересни глобални, регионални и локални маркетинг-професионалци и експерти. Говорниците ќе ни ги срочат своите видувања и ќе ги споделат сопствените искуства за тоа како најдобро да ги обликуваме промените.
Во организација на агенцијата „Кликер маркетинг“, онлајн и во живо, ќе ги слушнeте и видите: Јана Савиќ Растовац, извршен креативен директор во McCann – Белград; Славимир Стојановиќ Футро, дизајнер, визуелен уметник, автор и професор; Климе Мицковски, дигитален маркетинг-експерт; Сузана П. Никифорова, бренд-експерт; Нели Ангелова, менаџер за комуникации во „Нестле“ за Југоисточен Регион; Јасна Стоимировска-Величков, основач на „Арел невромаркетинг“; Стивен Трајковски, технолог, претприемач и инвеститор; Стефан Ивановиќ, СЕО на ePlus и претседател на CEARAS; Игор Божиновски, сопственик на „Божиновски часовници и накит“.
Дајте си посебен ден кога ќе почнат обликувањата на вашите промени, ден кој ќе биде доволно инспиративен да продолжите кон нови успеси. 2 јуни нека биде тој ден!
Skopje Marketing Summit може да го следите на овоj линк.
Сè уште имате време да се регистрирате!
Голема благодарност за спонзорите на овој настан:
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.