Skopje Marketing Summit 2022

Јана Савиќ Растовац: Храбри брендови

13 May 2022

Како брендовите да бидат храбри, да излезат од зоната на комфорот и да допрат теми од поширок општествен интерес... За ова ќе зборува Јана Савиќ Растовац на претстојниот Skopje Marketing Summit, кој ќе се одржи онлајн на 2 јуни во организација наКликер маркетинг“.

Јана е извршен креативен директор во агенцијата McCann – Белград. Таа верува дека страста поместува планини и се обидува тоа да го докаже преку проектите на кои работи.

Како дипломиран социолог, таа ја почнува кариерата пред две децении како копирајтер во рекламирањето, градејќи приказни и кампањи за некои од најпознатите домашни и странски брендови:  Coca-Cola, Carlsberg, Mastercard, Delhaize, Bambi,  како и за бројни организации преку про-боно проекти од пошироко општествено значење.

За кампањите на кои работела заедно со тимот на McCann – Белград го има освоено првиот „Кански лав“ за Србија, а има освоено награди и на фестивалите: Effie, Eurobest, Epica, Golden Drum, The One Show, Weekend Media Festival, Kaktus и UEPS. Била и член на жири и предавач на многу меѓународни креативни фестивали (The Andy's, Clio, LIA, Young Lions, Eurobest, Golden Drum, NYF).

На Skopje Marketing Summit Јана ќе зборува за храброста на брендовите и ќе покаже неколку проекти на комерцијални брендови што излегуваат од зоната на комфорот и допираат теми и акции од поширок општествен интерес. Темата на предавањето е: Храбри брендови.

Skopje Marketing Summit е настан наменет за сите маркетинг-професионалци, креативци и вљубеници во маркетингот. Настанот ќе се случува онлајн на 2 јуни и ќе биде бесплатен за следење. Повеќе информации погледнете на marketing-summit.mk.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...