Skopje Marketing Summit 2021

Дарко Лукиќ: Невромаркетинг – инструмент за декодирање на однесувањето на потрошувачите

27 Apr 2021

Што е суштината на невромаркетингот и како тој може да помогне во декодирањето на однесувањето на потрошувачите е темата на која ќе зборува Дарко Лукиќ на првиот Skopje Marketing Summit, кој ќе се одржи онлајн на 20 мај во организација на агенцијата „Кликер маркетинг“ и магазинот InStore.

Дарко има вкупно 20 години работно искуство во маркетинг, од кои 5 години во агенции за истражување на пазарот и адвертајзинг, а 15 години во водечки мултинационални компании од областа на банкарството и FMCG-секторот („ING Group“, „Nestle“, „Henkel CEE HQ Austria“, „Henkel Srbija“).

Од 2007 до 2015 година тој е на позицијата регионален директор за маркетинг за Србија, Косово, Црна Гора, Македонија и Албанија во „Хенкел“ – Србија. Портфолио: Persil, Merix, Perwoll, Silan, Bref, Mer, Somat. Потоа е на позицијата регионален извршен директор на агенцијата „FCB Afirma“. Клиенти: „Beiersdorf“, „Mondellez“, „Telenor“, „Whirlpool“, „Lesaffr“e, IKEA. Територија: регионот на поранешна Југославија и Албанија.

Моментално работи како консултант за маркетинг за водечки српски компании и невладини организации во AMMC (Agency for Management and Marketing Consulting), компанија што тој ја има основано. Клиенти: UNICEF, „Yuhor“, „Mioni“, Fun&Fit, „Danubius“, „Nectar Grupa“. Територија: Србија.

На Skopje Marketing Summit, настан наменет за сите маркетинг-професионалци, креативци и вљубеници во маркетингот, Дарко ќе зборува на тема „Невромаркетинг – инструмент за декодирање на однесувањето на потрошувачите“.

Настанот ќе се случува онлајн на 20 мај и ќе биде бесплатен за следење. Повеќе информации погледнете на https://mk.marketing-summit.mk/.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...