FMCG Македонија 2021

Драган Стајковиќ на 7 FMCG SUMMIT: Бамби - од регионален бренд до глобален играч

22 окт 2021

ДРАГАН СТАЈКОВИЌ, генерален директор на „Бамби“ во ексклузивното видео-интервју ќе открие многу интересни и корисни совети со што ќе ја збогати програмата на 7. FMCG SUMMIТ SKOPJE 2021. Следете нè​ на 28 октомври, во организација на InStore и Кликер маркетинг.

Темата на која ќе зборува: „Бамби - од регионален бренд до глобален играч“

Драган Стајковиќ е генерален директор на компанијата „Бамби“ од декември 2017 година. Со повеќе од 20 години искуство во FMCG-индустријата, тој е бизнис лидер кој е во индустријата откако таа ги доби контурите на современото работење какво го знаеме денес.

Драган ја почна својата кариера во компанијата „Кока-Кола“ во 1998 година. Своите компетенции и стручност ги развива работејќи на раководни позиции, а воедно и како консултант во други компании од FMCG-индустријата („Дукат“, „Марбо“/„ПепсиКо“, „Нектар“).

Од 2015 година е дел од менаџерскиот тим на „Мои брендови“ („Књаз Милош“, „Бамби“, „Имлек“), а во декември е именуван за директор на „Бамби“ и оттогаш успешно управува со компанијата и со нејзините 800 вработени. Тој и неговиот тим се заслужни за осигурувањето на силниот пораст на компанијата и брендовите во Србија, како и на странските пазари.

Под негово водство „Бамби“ ја зацврсти својата позиција во регионот што доведе до успешна аквизиција во 2019 година, кога компанијата стана дел од „Кока-Кола ХБЦ“.

Годинава, на конференцијата можете да ни се придружите бесплатно! Вашата пријава ја очекуваме тука.

Не пропуштајте го Самитот на кој може да присуствувате само еднаш во годината!  


 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...