Пишува: Моника Миленкоска, бренд-менаџер, „Орбико“
Маркетинг - многустран збор кој има голема вредност во јавноста...
Маркетингот е она што треба да биде неизоставен дел од секое успешно работење во секој дел од бизнисот, неизоставен во промотивните активности, комуникациите, дефинирањето на целите.
Улогата на маркетингот е голема и опширна
Еден од начините за подобро да го запознаеме пазарот и неговите потреби е да користиме маркетиншко истражување, што е едно од клучните елементи на маркетингот. Маркетиншкото истражување е можност да се утврди дали некој производ, услуга, активност е потребна и за кој дел од пазарот. Со различните маркетинг-алатки може да се дефинираат целните групи преку одредени карактеристики, а во истражувањата се користат примарни и секундарни извори.
Маркетингот е многу повеќе од реклама
Иако се во тесна врска маркетингот и рекламирањето (секако бидејќи промоцијата е дел од неговите инструменти), сепак опфаќа многу повеќе сегменти и можности, една од тие можности е овозможување двосмерна комуникација. Тука неминовно ви споменала водење друштвени мрежи сегмент на современиот маркетинг, мрежи на кои се пружаат одговори, но и се врши насочување кон купување производ или услуга. Мора да се има предвид дека голем дел од потенцијалните потрошувачи денес при своето онлајн-купување се водат од поставените рецензии. Токму поради тоа комуникацијата треба да биде благовремена и секогаш во позитивен контекст, тоа е еден од начините за остварвање бизнис-успех – приход, профит и можности за брендирање. Потребно е да се обрне поголемо внимание на секој остварен контакт, независно дали се работи за физичко комуницирање или комуницирање во онлајн-светот.
Карта за брендирано работење
Градење БРЕНД со помош на соодветен маркетинг е долгорочен процес кој преку едноставени содржини (квалитативно и вредносно) го помагаат неговиот развојот. Неговата улога тука почнува со квалитативен развој на имиџ, углед, позитивни критики во јавноста како и општо развој на свест кај популацијата за одредена компанија или нејзината активност. Квалитетен бренд опфаќа градење на современ и уникатен лого тип кој би бил претставен секогаш во ист облик на сите ПОС и онлајн начини на рекламирање. Преку современ графички дизајн, развиена веб-страница и, секако, добро поставени социјални медиуми и поставување на здрав маркетинг-план на местото на продажбата. Сите овие активности влијаат на резултатот, репутацијата и даваат шанса да се изградат брендови кои ќе имаат трајност, квалитет и препознатливост како суштина.
Широк спектар на цели, елементи, активности, планови, стратегии и тактики го прават поимот маркетинг да биде секогаш и секаде спомнат кога се зборува за почеток или развој на бизнис. Независно од големината на компанијата и работната стратегија тој ја зема главната улога при секој настап на пазарот. Секако не секој тип маркетинг е посакуван како ниту секоја реклама е квалитетна. Маркетингот треба да се темели на детално разработен план во повеќе аспекти и со тоа да ве донесе до неминовен успех!
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.