Актуелно

Само уште пет дена да влезете во „Мапа на трговци“-искористете ја шансата!

14 Jul 2020

За првпат на македонскиот пазар – комплетна слика на малопродажбата во земјата. Информации за работењето на трговците, анализи и истражувања во специјалното издание „Мапа на трговци“ на магазинот InStore, издавач „Кликер маркетинг“.

По успешните изданија „Мапа на трговци“ што ги реализираа регионалните редакции на InStore во Србија и Хрватска, годинава за првпат InStore ќе ја претстави комплетната слика на трговци во малопродажниот сектор во Македонија. Изданието ќе опфати поединечно претставување на трговците преку повеќе параметри, со информации за нив и дополнителни анализи за нивното работење.

Во „Мапа на трговци“ ќе бидат објавени релевантни анализи на пазарот – малопродажни објекти по формати, број на објекти на трговците, регионална покриеност, приходи, број на SKU-а, информации за приватни трговски марки. Извори на информациите ќе бидат трговците, приватната база на податоци „Бизнис мрежа“ и истражувачките агенции: „Нилсен“, „Индаго“, „Фокус марктфоршунг“, „Инсајдер ИД“, „Еуромонитор“, „Делоит“ и др.

Специјалното издание ќе се дистрибуира до целокупниот малопродажен сектор во земјата, во тираж од 4.000 примероци.

Искористете ја можноста и претставете ја вашата компанија во првото специјализирано издание „Мапа на трговци“ на нашиот пазар. Вклучете се со информации и со корпоративен оглас за вашата компанија и не пропуштајте ја можноста за претставување пред производителите, дистрибутерите, партнерите и пред целокупниот FMCG-сектор.

Контакт:

Мери Каталиниќ, meri@instore.mk (071 262 441)

Срме Серафимовска, srme@instore.mk (070 375 220)



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...