Видео вести

(ВИДЕО) Нов спот на Lavazza-бурни реакции од сите што го видоа

13 мај 2020

Good Morning Humanity е новата глобална кампања на Lavazza, која преку зборовите од славниот говор на Чарли Чаплин, Speech to Humanity од филмот „Големиот диктатор“, сака да промовира пораки на позитивност, заедништво и хуманост. 

Кампањата е всушност едноставна. Идејата за универзална порака, која треба да биде над сите нешта што нè разделуваат. Интересно е што спотот отвори многу жестоки расправи на социјалните мрежи, претставувајќи многу негативни и многу позитивни коментари. На пример, на некои од коментаторите им пречи кадарот на девојките што се бакнуваат, други ја споменуваат наводната педофилија на Чаплин, а некои пак, го истакнуваат фактот дека спотот нема никави директни врски со кафето.

Од друга страна, има многу пофалби за спотот, па еден од најчитаните твитови беше: Спотот на Lavazza ме растажи. Ме растажи поради тоа што во 2020 година сè уште не сме подготвени за говор за напредок, одржливост и толерантност кој го држел комичар уште во минатиот век.

Интересно е што во денешно време на модерни технологии и комуникација, секоја порака е подложена на извлекување од оргиналниот контекст. Преку провлекување низ лични симболи и асоцијации може да стане и политичка порака. За брендовите е важна лекцијата дека пораката треба да „погоди“ некоја „жичка“ кај потрошувачот, оти така само така ќе го добие вниманието.

Сигурните пораки не им ја интригираат фантазијата на луѓето, па поминуваат незабележано. А на брендот е одлуката како ќе се носи со реакциите на луѓето.

Позиционирањето на брендовите со наводно универзални вредности предизвика многу бурни и противречни реакции. Важно е да се знае зошто.

Погледнете го видеото:



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 


Слична содржина



(ВИДЕО) Божиќната реклама на „Кока кола“ го топли срцето

30 апр 2020

(ВИДЕО) „Амазон“ тестира плаќање со дланка

30 апр 2020

(ВИДЕО)Hennessy ја раскажува приказната на Морис Ешли

30 апр 2020

(ВИДЕО)Линкдин-кампања на „Маерск“

30 апр 2020

(ВИДЕО) Прва реклама на „Кока-кола“ во време на пандемија

30 апр 2020

(ВИДЕО) Nike порачува: Не прави го тоа!

30 апр 2020
Вчитува уште новости...