Видео вести

(ВИДЕО) „Теско“ лансираше нова кампања

16 Aug 2023

Нова кампања под називот „Дали можеме? Ние можеме“ („Can We? We Can") има за цел промоција на „клик+колект“ услугата на трговците. Во спотот што трае 30 секунди, гледаме дете кое го прашува таткото дали може да прават нешто забавно следниот ден, додека неговиот татко купува намирници преку „клик+колект“ услугата на „Теско“. 

Благодарение на оваа услуга, таткото и синот имаат доволно слободно време да го поминат денот заедно, да јадат сладолед, да играат фудбал, да одат во кино, дури и да одат на патување во вселената. 

Во „Теско“ негуваме страст кон храната што ја нудиме, но исто така сме исклучително стравствени кога е во прашање понудата на услуги за нашите клиенти. Од таа причина ја креиравме „клик+колект“ за на нашите купувачи да им овозможиме сами да изберат како, кога и каде купуваат. Видовме промена во куповните навики оваа година, а бидејќи луѓето имаат се помалку време, има пораст на корисниците на „клик+колект“ услугите на патот од работа до дма, на фудбалски тренинг, на курсеви или дури на патот кон дома од одмор, соопштија од „Теско“ - Ирска. 

Погледнете: 


Извор: The Drum
Фото: Tesco Ireland



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...