Авторитет се гради со знаење и со пристап. Со секојдневно давање инструкции создавате неспособни – зошто некој би се трудел да мисли со своја глава ако вие му кажувате дека вашата глава е доволна за сите. И тогаш сте во маѓепсан круг од кој не можете да излезете, дури и ако посакате
Пишува: Ениса Селмановиќ-Салкиќ, основач и извршна директорка на агенцијата „Консултор“ www.consultor.ba, enisa@consultor.ba
Беше еднаш еден Самостоен. Ќе го викаме така оти овој назив најдобро го опишува. Затоа што беше самостоен, логично. Не беше потребно секој ден да му се дава листа со задачи со детално објаснување за да знае што треба да прави. Не беше потребно да се проверува дали завршил и колку добро завршил со задачите.
И навистина чуда правеше, дури беше и иновативен. Само наоѓаше решенија, и тоа добри решенија. Единствено што бараше и никој да не му кажува што да прави. И тоа течеше така убаво и плодоносно, сѐ до еден ден.
Сега оди онаа заканувачка филмска музика која најавува апокалипса. Дојде неговиот шеф, ќе го наречеме Контролор. Затоа што тој назив најдобро го опишува. Сака сѐ да контролира, на сите да им дава задачи и да им дише во врат. Да пишува е-пораки во недела и да прашува до кај се задачите, во сабота. Да, во работен ден во 21:26 часот се лути и тероризира луѓе бидејќи некој не разбрал што шефот помислил, а не изговорил.
Контролорот беше прототип како не треба, само не го знаеше тоа. А, никој не се охрабри да му каже. И еден ден, кој не беше ни убав ни сончев, туку грд и тмурен, дојде Контролорот кај нашиот Самостоен.
Намрштен, со една веѓа подигната, како демонстрација на сила. Јас сум главен и тоа се гледа на мене. Го научил тоа на едукациите за говор на телото, и тоа постојано го применува. Инаку, смета дека сите едукации се глупави, па ни него никој не го едуцирал, навистина. Но, тоа се веѓата му се допаѓа, па одлучи да го задржи.
Значи, доаѓа смрштен, вооружен со крената веѓа и му се нафрла на Самостојниот. Во недостиг на подобар збор што би ја опишал таа морничава ситуација, напишав нафрла. Да, добро прочитавте.
Самостојниот си замина. Да, крена сидро и отплови натаму. Контролорот вели дека тој едноставно избегал, дека не можел да го издржи притисокот. Слабак. Самостојниот вели дека си отишол бидејќи не сакал да работи по инструкции што биле лоши. Паметен.
Го затрупа со серија прашања, кои повеќе се реторички и констатации отколку што сака да ги слушне одговорите на нив. Самостојниот го гледа бледо и – не му се верува. Буквално не му се верува што се случува. Контролорот си мисли дека добро му оди и продолжува. Самостоен и натаму е во шок, додека Контролорот поминува од прашања и констатации на давање задачи. Да, задава задачи и конкретно зборува што, како и каде треба да се направи. Со акцент на како, бидејќи тој знае најдобро како нешто треба да се направи.
Си оди видно задоволен и полн со себе. Малку и се измори, не е едноставно постојано да им се кажува на луѓето што и како да прават. Но, нема избор, опкружен е со неспособни.
Самостојниот во неверување трепка со очите како зајак пред фарови.
Да ја скратиме приказната – ова се случи уште еднаш, но третпат немаше. Затоа што Контролорот сфати дека Самостојниот со причина е таков каков што е, дека резултатите му се сјајни и дека и другите треба да бидат како него. Не, па ова не е бајка, да се разбереме.
Па што тогаш се случи? Самостојниот си замина. Да, крена сидро и отплови натаму.
Контролорот вели дека тој едноставно избегал, дека не можел да го издржи притисокот. Слабак.
Самостојниот вели дека си отишол бидејќи не сакал да работи по инструкции што биле лоши. Паметен.
Да преминеме на пораката.
Ако во вашиот тим имате човек кој е олицетворение на автономија, кој секогаш е чекор пред другите, кој сам ги решава проблемите (и тоа добро ги решава), кој и иновативен и размислува надвор од рамката... зошто мислите дека треба да му давате инструкции? Не е до него, до вас е. До вашата потреба да владеете со ситуацијата, да се чувствувате важни и незаменливи. Да имате моќ и авторитет. Каков куп глупости!
Авторитет се гради со знаење и со пристап. Со секојдневно давање инструкции создавате неспособни – зошто некој би се трудел да мисли со своја глава ако вие му кажувате дека вашата глава е доволна за сите. И тогаш сте во маѓепсан круг од кој не можете да излезете, дури и ако посакате.
Градете самостојност и знаење кај вашите луѓе. Бидете извор на знаење и на поддршка. Помогнете, научете, поддржете, охрабрете.
Само така ќе направите тим што е самостоен и успешен, хармоничен и продуктивен. И тим во кој луѓето остануваат.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.