Маркетинг

САД: Coca Cola повторно лансира персонализирани шишиња

28 Mar 2025

Десет години по првото лансирање на кампањата "Share a Coke" и во момент кога генерацијата Z бара автентични поврзувања, компанијата „Кока Кола“ најави повторно покренување на пероснализирани шишиња и лименки од Coca Cola.

Илустративната кампања  "Share a Coke" се враќа и сега е засилена на глобално ниво, славејќи ја чистата магија која настанува кога се поврзуваат луѓето, изјави Ислам Елдесоку, глобален претседател за креативни стратегии во „Кока Кола компани“.

Тој истакнува дека припадниците на генерацијата Z често ги доживуваат дигиталните интеракции како времени, што ја засилува нивната желба за вистински врски, додавајќи дека целта на новата кампања е да им помогне на потрошувачите да создадат вистински спомени.

Не се работи само за лајкови и споделувања...зборуваме за вистински моменти, изјави Елдесоку.

Почнувајќи од април, потрошивачите повторно ќе ги пронајдат шишињата и лименките Coca – Cola  со своите имиња како дел од кампањата која ќе опфати над 120 држави.

Мобилната апликација на Coca-Cola и QR кодовите на амбалажата ќе овозможат пристап на платформата "Share a Coke", каде што фановите ќе можат да ги персонализираат амбалажите со имиња, како и видео записи и мемиња кои ќе можат да ги споделат со пријателите, во духот на славењето на пријателството и претворањето на секојдневните моменти во трајни спомени, соопштуваат од компанијата.

Како дел од кампањата вклучени се и филмот "The Magic of Sharing", во соработка со инфлуенсерите на социјалните мрежи, специјални пакети во рестораните на „Мекдоналд“ и уште многу повеќе од тоа.

Извор: InStore.rs

Фото: Coca-Cola

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...