„Шпар“ во соработка со агенцијата „Публицис“ - Ирска и Националниот институт за истражување на рак на дојка, започна кампања која ја истакнува важноста на месечните самопрегледи во раното откривање и лекување на ракот на дојка кај жените.
Имено, истражувањата покажуваат дека 86% од купувачите во Ирска редовно ги проверуваат датумите на истекување на прехранбените производи во продавниците, при што ваквото однесување е почеста кај жените и кај оние на возраст од 45 до 54 години. Сепак, само 35% од жените вршат редовни самопрегледи. Една од седум жени во Ирска ќе развие рак на дојка во текот на својот живот, а најдобриот начин за рано откривање и лекување е преку редовни самопрегледи.
Инспирирани од овие податоци и моделирани по етикетата „Best Before“, Spar започна кампања наречена „Breast Before Dates“, во рамките на која покрај рокот на употреба на одредени производи, во продавниците на „Шпар“ и „Еурошпар“ ќе бидат изложени и специјални налепници во облик на гради, со цел да се мотивираат жените да вршат редовни самопрегледи.
Потрошувачите ќе можат да скенираат QR код на овие етикети, што ќе ги однесе до платформа каде што ќе можат да постават месечен потсетник за самоиспитување преку Google или Apple Calendar.
Сите сме многу свесни за важноста на рокот на употреба на нашите прехранбени производи. Вклучувањето на датумот „Breast before“ за да ги потсети купувачите да вршат редовни самопрегледи е важна иницијатива, изјави Сузане Велдон, директорка за маркетинг и комуникации во „БВГ фудс“.
Извор: Little Black Book
Фото: „Шпар“
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.