„Проктер & Гембл“ и „Марвел студиос“ лансираа нова кампања за Tide во пресрет на премиерата на новиот филм за Капетан Америка.
Новата кампања има за цел да ги прикажне „обичните“ луѓе кои од борбите на хероите на „Марвел“ остануваат со извалкана облека а новите капсули на Tide се решение за овој проблем.
Никој во филмскиот универзувам на „Марвел“ не е имун на флеките кои настануваат за време на епските битки на суперхероите. Воодушевени сме што ги здруживме силите со „Капетан Америка: Храбар нов свет“, за да покажеме како и најголемите флеки во било кој универзум може да ги исчисти само Tide, изјави Алекс Перез, потпретседател за производите за перење на облека во „Проктер & Гембл“ за САД.
Спасувањето на светот може да биде прилично валкано. Возбудени сме што соработуваме со Tide за да ги истакнеме секојдневните луѓе во „Марвел“ и нивната „колатерална штета“, изјави Холи Френк, потпретседател на студиото „Волт Дизни“.
Како дел од кампањата, компаниите ќе организираат ексклузивна 5Д проекција на филмот за одбрани фанови, пред премиерата. Имено, публиката ќе има можност да го гледа филмот и да „учествува“ во филмот и да се извалка, како да е таму додека хероите се борат. Со оглед на тоа што се работи за 5Д екранизација, кон публиката ќе се фрла прашина, кал и други работи за да се чувствуваат како да ја следат акцијата во живо, соопштија од компанијата.
Извор: Instore.rs
Фото: P&G
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.