„Перно Рикар“ во соработка со пејачката Сабрина Карпентер, покрена нова кампања која е инспирирана од нејзината песна „Еспресо“.
Како официјален спонзор на турнејата на пејачката низ САД, лансира ограничена серија на Absolut и Kahlúa еспресо мартини инспирирани од овој глобален хит.
Како што може да се види на неверојатно успешната турнеја, на Сабрина Карпентер не и непознато да ги собира луѓето и ние сме исклучително воодушевни што сме дел од создавањето на моментот кој ги поврзува љубителите на музиката и коктелите, посебно во текот на празничната сезона со еспресо мартини, изјави Каролин Беглеј, потпретседателка за маркетинг за брендовите Absolut и Kahlúa.
Не е за изненадување што многу сакам еспресо, така што сум многу возбудена поради ова партнерство и тоа што можам да го споделам еден од моите омилено коктели со своите обожаватели, изјави Карпентер.
На оваа ограничена серија на пијалкот, Карпентер се приклучи на долгата листа со познати личности со кои компанијата соработуваше низ годиниве, как ошто се Селма Хаек, Карди Б, Рами Малек и други.
Извор: InStore.rs
Фото: „Перно Рикар“
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.