Маркетинг

Велика Британија: Guinness танцува во новата кампања

28 Oct 2024

Брендот на компанијата „Дијаџио“, Guinnes, лансира нова кампања со цел да го  промовира новиот апарат за точење Guinness Nitrosurge.

Како дел од кампањата „Денсинг кен“, брендот лансира нова реклама во која може да се види лименката на пивото Guinnes, како танцува по примерот на култната реклама на брендот која беше лансирана во  1994 година, - „Денсинг мен“.

Рекламата е во траење од 30 секунди и за режијата се задолжени Џони Кели и студиото „Нексус“, додека зад кампањата стои агенцијата „АМВ ББДО“.

Новиот како подлога во спотот ја користи песната „Гуаколин“ од Перез Прадо, која беше дел од оригиналната реклама, а спотот е снимен исто така во „стоп моушн“ техника.

Без оглед дали се работи за личност или лименка, 30 години подоцна возбудата и радоста додека го гледате точењето на Guinness и понатаму е исто. Оваа емоција ја оживеавме со уникатниот шарм и користењето на техниката „стоп моушн“, изјавија Анзхела Хаѕрабедуан и Лука Гросо од агенцијата „АМВ ББДО“.

Во рекламата може да се види како се користи апаратот за точење на Guinness Nitrosurge, после што лименката започнува да танцува.

Кампањата ќе се емитува низ Велика Британија, на интернет и на телевизија, а на социјалните мрежи таа ќе биде во верзии од 30, 20, 15 и 6 секунди.

 

 

 

Извор: Marketing Beat

Фото: Guinness

tags:
# Guinness  


@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...