Маркетинг

САД: Johnnie Walker лансира нова кампања во соработка со „Нетфликс“

21 Oct 2024

Брендот на компанијата „Дијаџио“, Johnnie Walker, лансира нова кампњата во соработка на платформата „Нетфликс“, во пресрет на новата сезона на серијата „Скуид гејм“ (Играта лигња).

Како дел од новата кампања бреднот ќе лансира ограничена серија од својата Black Label линија со мотиви од сериајта, која во првиот месец од премиерата на првата сезона достигна над 111 милиони обожаватели ширум светот.

Шишињата на Johnnie Walker ќе имаат броеви од 001 до 456, кои ги носат играчите во серијата, а познатата фигура на човекот кој оди наместо фрак ќе носи зелена тренерка.

Ова партнерство ги спојува двете глобални икони, шкотското виски кое е број еден во светот и светскиот Тв феномен. Нашите верни фанови ќе бидат воодушевени од нашиот колекционерски дизајн на шишињата, кој ќе им овозможи да се чувствуваат како дел од Играта. Во  Johnnie Walker продолжуваме со иновации и покажуваме како може да се ужива во виското преку уникатни и креативни искуства, партнерства и можности изјави Џош Дин, потпретседател за Johnnie Walker во „Дијаџио“ САД. 

Кампањата ќе биде лансирара во САД, Европа и Азија и ќе вклучува различни активации, како и кампањи на друштвените мрежи.

 

Извор: InStore.rs

Фото: „Дијаџио“ САД



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...