Маркетинг

САД: „Проктер & Гембл“ лансира кампања со Каби Ламе

15 Jul 2024

Компанијата „Проктер & Гембл“ во соработка со компанијата „Груп Блек“, лансира нова кампања во која главна улога има познатиот тиктокер, Каби Ламе.

Во рамките на кампањата која што има за цел да ги промовира брендовите на „П&Г“, како што се Tide, Crest, Febreze и Bevel, на стриминг платформата „Тјуб“, лансирана е серијата „Каби доаѓа во Америка“.Серијата е содржи 20 минутни епизоди во кои Ламе истражува различни градови во САД.

Во серијата се појавуваат и популарни гости, како пејачката Алиша Кис, фудбалерот Дејвид Бекам, пејачот Џон Батист и други.

Во „П&Г“ работиме  со многу страст кога е во прашање давањето на услуги на потрошувачите и идентификување на автентичните начини за да дојдеме до што пошироки мултикултурни групи. „П&Г“ продолжува да нуди платформи каде што различни креатори ќе можат да ги делат своите искуства и приказни, изјави Ерик Остин, потпретседател за глобален маркетинг и медиски иновации во „Проктер & Гембл“.

 

 

Извор: Marketing Dive

Фото: Tide



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...