Маркетинг

Кина: „Карслберг“ ја слави лунарната Нова година

12 Feb 2024

„Карлсберг“ преку новата амбалажа ја прослави лунарната Нова година и годината на Дрвениот змеј.

Дизајнот кој е потпишан од Офен Ху, ја пренесува суштината на лунарната Нова година и е олицетворение на смелоста, убавината и живоста, наведуваат во соопштението од компанијата.

Како посебен елемент во дизајнот се издвојува змеевиот бисер, кој благодарејќи на посебната технолигогија ја менува бојата од жолта во портокалова.

 Каков фантастичен пример за тимска работа! Новите дизајнерски тимови од Кина и  од клучните пазари во Азија работеа заедно со глобалниот тим на „Карлсберг“ за да создадат пакување со ограничено издание кое е похрабро, посветло и поубаво од било кога! Овие пакувања ги сакаат потрошувачите и се дел од нашето континуирано патување кон премиум производи кои се истакнуваат преку дизајнот, изјавила Линзи Вудс, глобален бренд директор за „Карлсберг“

Carlsberg отсекогаш бил синоним за прослава и се надеваме дека во лунарната година која надоаѓа секој моменет ќе биде #BestWithCarlsberg. Во годината на змејот, на нашите потрошувачи им посакуваме многу среќа, здравје и радост, изјавил Стефано Члини, генерален директор на „Карслсберг“ – Малезија. 

Ограниченото пакување ќе биде достапно во Кина, Малезија, Сингапур, Хонг Конг, Виетнам, Лаос и Камбоџа.

Извор: Yamcha Time

Фото: „Карслберг“



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...