Маркетинг

Шопер - маркетинг одлука: Бидете храбри!

18 Jan 2023

За да бидете совршено јасни, потребна ви е и храброст надвор од ѕидовите на вашата организација. Малопродажните синџири честопати не се отворени за нови идеи, што ги става на ризик тимовите за шопер - маркетинг да паднат во маѓепсан круг на управување со промоциите, што може да биде фатално за многу брендови

Автор: Мајк Ентони, советник за маркетинг на купувачи, Igigi Shopers's Assistant  

Знам дека деновиве прочитавте стотици написи за тоа што нè чека во новата година и какви решенија треба да донесеме, но ваков сигурно сè уште не сте прочитале. Би сакал да ги предизвикам не само сите професионалци во светот на шопер-маркетингот, туку и сите во светот на малопродажбата на стоки за широка потрошувачка да направат една работа поинаку во наредната година. Мора да бидете храбри и да преземете одредени ризици доколку сакате да постигнете успех во шопер-маркетингот!

И пред некој од вас да се обиде да направи некој од експериментите што би можеле да ја загрозат вашата малопродажна кариера, дозволете ми да разјаснам неколку работи. Што навистина мислам кога велам дека професионалците за шопер-маркетинг треба да преземаат повеќе ризици и зошто е тоа важно?

Ни требаат бестрашни професионалци за шопер - маркетинг

Алтернативата на шопер-маркетингот, која моментално доминира во продавниците, е застрашувачки монотона. Продавниците се полни со сè поголеми и поголеми попусти, трговските синџири се натпреваруваат со попусти кои всушност се финансирани од брендови, полиците се здодевни... Мислам дека нема потреба да продолжам понатаму. Од друга страна, тоа што сите го сакаме е да им обезбедиме на поединечните купувачи подобрено искуство за купување, врз основа на податоци за нивното однесување, што не е лесно бидејќи овие податоци се главно непостојни или недостапни. Ако сите професионалци за шопер-маркетинг, како и многумина што ги запознав, продолжат да се занимаваат со управување со промоции и попусти, немаме светла иднина.

Успехот е достижен и покрај недостигот на податоци

По неколку децении откако компаниите почнаа да спроведуваат истражување за индивидуалното однесување на купувачите, сè уште има компании кои не се осмелиле да спроведат свои студии. Тоа не се ни мали фирми. Поделбите на некои од најголемите компании за стока за широка потрошувачка и понатаму страдаат од делумен или целосен недостиг на значајни податоци за купувачите. Затоа, професионалците за шопер-маркетинг мора да се движат во ситуации кога податоците што им се потребни не им се на дофат на раката. Од друга страна, тимовите за анализа на потрошувачи имаат долгогодишно истражување, експериментирање и мерење зад себе. Ова е причината зошто тимовите за шопер-маркетинг понекогаш се чувствуваат како стартап во сопствената компанија, и како такви, осудени се да преземаат повеќе ризици. Повеќето професионалци за шопер-маркетинг на купувачите се принудени да донесуваат одлуки надвор од зоната на удобност обезбедена со поседување податоци. Ако чекаме да знаеме сè, ми се чини дека ќе почекаме, а потребно е разумно да се дефинира минималната количина на податоци неопходни за одлучување.

Обидете се да донесувате разумни одлуки. Постигнете мали успеси за да изградите кредибилитет. И поместувајте ги границите секојпат полека. Бидете храбри!

Успехот доаѓа од слушање на сите учесници во синџирот

Џенифер Хејл, глобален директор за шопер-маркетинг во компанијата „Кока-Кола“, даде брилијантна изјава во едно интервју: Нашата улога како експерти за шопер-маркетинг е да забележиме што е важно за секого и да разбереме како да го комбинираме за да придонесе за подобрување на бизнисот и да создава купувачи. Да се ​​постигне ова е голем подвиг! За тоа е потребна постојана комуникација со тимовите во компанијата со кои, во моментов, можеби немате комуникација. Ова значи да им се каже на луѓето она што можеби не сакаат да го слушнат. Ова значи да се издигнете над задоволувањето на потребите на одреден сектор и да пронајдете решение што навистина ќе донесе вредност за индивидуалниот клиент.

Професионалците треба да го размрдаат сегашниот статус кво!

Бидејќи однесувањето на другите тимови во компаниите е долго вкоренето и ограничено од стариот и потврден начин на работа, важно е професионалците за шопер-маркетинг да бидат подготвени да го преиспитаат тоа. Фактот дека тоа што нè доведе овде не значи дека ќе нè однесе таму каде што сакаме да бидеме, им дава можност на професионалците за маркетинг на купувачите да го погледнат светот низ друга призма и да донесат нова перспектива на бизнисот. Тоа вклучува преиспитување на актуелните претпоставки и верувања, предизвикување на авторитетот и, пред сè, храброст.

Тие треба да ги предизвикаат и трговските синџири

За да бидете совршено јасни, потребна ви е и храброст надвор од ѕидовите на вашата организација. Малопродажните синџири честопати не се отворени за нови идеи, што ги става тимовите за шопер-маркетинг во опасност да паднат во маѓепсан круг на управување со промоции, што може да биде фатално за многу брендови. Експертите за шопер-маркетинг мора да бидат оние што ќе носат нови идеи на пазарот, а имајќи предвид дека синџирите го контролираат просторот и претставуваат директна врска меѓу брендот и купувачите, тие се и оние што треба да се променат.

Предизвикајте го вашиот шеф (и шефот на вашиот шеф)

Не можете сами да направите револуција во шопер-маркетингот. Често гледани од другите тимови како граѓани од втор ред, попречени од недостиг на податоци и истражување и оптоварени со високи очекувања, тимовите за шопер-маркетинг ќе се борат да постигнат долгорочен успех. Успешниот шопер-маркетинг бара пристап кон маркетингот како целина и позитивните ефекти врз бизнисот може да се почувствуваат само ако промените што ги донесе револуцијата не се ограничени на овој сектор. Користете го знаењето што сте го стекнале од претходните искуства, покажете колкава е моќта на увидот во однесувањето на купувачите, поврзете се со компании кои можат да ви помогнат да дефинирате студии на случај кои покажуваат што може да ви донесе комплетниот маркетинг-пристап на купувачот. Не очекувајте револуцијата да се случи преку ноќ, но мора од некаде да почнеме.

Минимизирајте го ризикот и учете од грешките

Тоа што треба да го имаме на ум е дека преземањето ризици носи и можни грешки. Па, како да се подготви тимот за шопер-маркетинг за тоа? Прво, бидете искрени. Погрижете се сите да имате иста слика за тоа какви ризици треба да преземете, какви претпоставки правите и на што се засноваат тие. Користете ги сите податоци, искуство и информации што ви се достапни и минимизирајте ги ризиците секогаш кога е можно. И конечно, не заборавајте да ја измерите вредноста на ризикот. Грешката што ќе ве доведе до ново разбирање има голема вредност. Грешката што не води до ново знаење нема вредност.

За да бидам сосема јасен, не се залагам дека професионалците за шопер-маркетинг не треба да внимаваат, дека треба целосно да ги сменат деловните практики, да го предизвикаат својот шеф во борба за живот и смрт и да му кажат на извршниот директор на најголемиот малопродажен синџир сè што мислат за него. Дури и оние професионалци за шопер-маркетинг кои имаат најмногу проблем со податоци, можат да ископаат некои информации. За почеток, тие треба да имаат пристап до евалуации на спроведените активности. Исто така, во извештаите базирани на анализа на потрошувачите може да најдат изненадувачки големи количества на податоци за потрошувачите. И ако ништо друго, тие можат да ги набљудуваат поминувајќи време во продавниците. Обидете се да донесувате разумни одлуки. Постигнете мали успеси за да изградите кредибилитет. И поместувајте ги границите секојпат полека. Бидете храбри!

Само напред. Нека новата година биде година кога шопер - маркетингот навистина ќе придонесе за подобрување на бизнисот на вашата компанија!

 

 

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...