Компанијата „Монделез интернационал“ објави нови сознанија за поврзаноста на концептот ужина со изразувањето љубов во шестиот годишен извештај „State of Snacking“.
Според резултатите од глобалната студија за потрошувачките трендови, која секоја година дава увид во тоа како потрошувачите донесуваат одлуки за ужина, 71% од потрошувачите од целиот свет се согласуваат дека споделувањето ужина со другите е еден вид израз на љубов.
Развиен во партнерство со компанијата „Харис Пол“, извештајот „State of Snacking“ ги следи ставовите и однесувањето на илјадници потрошувачи во 12 земји. Истражувањето за 2024 година покажува дека потрошувачите сè повеќе ја користат ужината како начин за изразување љубов кон другите, но и кон самите себе.
Храната има моќ да ги поврзе луѓето и да поттикне чувство на блискост. Потрошувачите му даваат приоритет на времето за уживање, но се трудат и да го споделат тоа радосно искуство со другите, изјави Мелиса Дејвис, виш менаџер во секторот за истражување на пазарот, анализа на потрошувачките навики и предвидување на идните трендови во „Монделез“.
Со нето-приход од околу 36,4 милијарди долари во 2024 година, „Монделез“ е лидер во иднината на ужините, со познати глобални и локални брендови: Oreo, Ritz, LU, Clif Bar, Tate's Bake Shop, чоколадата Cadbury Dairy Milk, Milka и Toblerone.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.