Ставовите за сексуалното здравје и благосостојба стануваат послободни и поприфатени низ Европа, што поттикнува значителен пораст на побарувачката за производите што го промовираат општото здравје, ја подобруваат благосостојбата и го намалуваат стресот, покажуваат податоците на аналитичката компанија „Еуромонитор интернационал“.
Овој пресврт дополнително се потврдува со последниот потег за тадалафил (лек што се користи за третман на еректилна дисфункција) да се направи достапен без рецепт во земји како што се Велика Британија, Полска и Норвешка. Оваа промена во регулаторниот статус ја истакнува растечката пазарна можност што наскоро може да се прошири и во други европски региони.
Магда Старула, истражувачки консултант во „Еуромонитор интернационал“, вели дека преминот на тадалафил во лек без рецепт ќе биде само почеток, со можност тоа да се преслика и на другите производи поврзани со сексуалното здравје. Тоа може да вклучува терапевтски области што претходно биле резервирани само за лекови на рецепт, вклучувајќи ја и хормонската контрацепција. По овој пресврт се очекува голем број производи што се фокусираат на сексуалното здравје на мажите и на жените да ја следат оваа практика, што ќе отвори можности за иновации во овој сектор, изјави таа.
Растечката важност на сексуалното здравје
Побарувачката на производи за сексуална благосостојба во голема мера е поттикната од еволутивните социјални ставови за сексуалното здравје. Зголемената свесност за важноста на одржувањето на физичкото и на ментално здравје предизвикува зголемена желба за производи што се фокусираат на сексуалната благосостојба. Според „Еуромонитор интернационал“, категоријата додатоци за сексуално здравје забележаа пораст од 7% во Франција и Велика Британија во 2023 година, додека во Романија и во Литванија беа забележани дури и повисоки стапки на пораст за додатоците за мажи.
Старула вели: Производите за зголемување на машката потенција, кои вклучуваат популарни диететски додатоци што содржат состојки како Л-аргинин, женшен и гуарана, имаат широка примена. Овие додатоци често влијаат за зголемување на либидото и подобрување на крвниот проток, иако многу од нив се засновани на индивидуални и лични тврдења, а не на клиничка валидација.
Друг клучен фактор за зголемување на побарувачката за производи за мажи е зголемената распространетост на еректилната дисфункција – студиите покажуваат дека од тоа се засегнати дури 76,5% од европските мажи. Ова широко распространето прашање ја истакнува зголемената потреба од достапни производи за подобрување на сексуалното здравје.
Иднината на сексуалната благосостојба
Пазарот на производи за сексуална благосостојба е подготвен за значителен пораст, бидејќи променетите ставови за самогрижа, здравје и благосостојба продолжуваат да ја поттикнуваат побарувачката. Со високата концентрација на доставувачи и растечката потрошувачка база низ Европа, се очекува пазарот да продолжи да се проширува. Дополнително, владините иницијативи насочени кон промоција на свесноста за сексуалното здравје ќе помогнат за зголемување на побарувачката на овие производи во следните години.
Според Старула, потенцијалот за пораст е особено забележителен во секторот лекови што можат да се купат без рецепт, во кој големите и малите брендови се во потрага по иновации и се обидуваат да ги задоволат еволуирачките потреби на потрошувачите. Научните истражувања, поддржани со податоци и клиничка валидација, ќе бидат клучни за поттикнување на порастот и довербата кај потрошувачите.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.