Анализи

„Шварц група“ и „Алди“ ги подигнуваат стандардите на одржливото работење

25 Sep 2024

Германските дисконтери се обврзуваат на  концептот „Нето нула“ до 2050 година. „Алди суд“ и „Шварц груп“ сакаат да постигнат јаглеродна неутралност низ целиот нивен синџир на вредност, вклучувајќи ги и добавувачите. Амбициозната цел поставува нов стандард во малопродажната индустрија. Повеќе од 200 компании кои го пропуштија крајниот рок за поставување  на „Нето нула“  цели беа отстранети од иницијативата за научно базирани цели.

Пишува: Себастијан Ренак, меѓународен ритејл аналитичар

„Алди Суд“ и „Шварц груп“, која е матична  компанија на „Лидл“  и операторот на супермаркети „Кауфланд“, се обврзаа на достигнување на следното ниво на одржлива малопродажба.

Компаниите од „Шварц група“ на концептот „Нето нула“ на иницијативата за научно базирани цели (СБТИ). Групацијата се обврзува да ги намали сите емисии генерирани во сопствените компании и долж синџирот на вредност најдоцна до 2050 година.

До 2030 година, „Шварц груп“ има за цел да ги намали сите директни и индиректни оперативни емисии за 48% (Опсег 1 и 2, основна година 2019). Покрај тоа, „Шварц груп“ сега поставува нови цели за синџирот на снабдување нагоре и надолу (Опсег 3, базна година 2022). До 2034 година, емисиите на „Флаг“ (шуми, земјиште и земјоделство) треба да се намалат за 42,4%, а индиректните емисии на Е&И (енергија и индустрија) за 35%. Новите цели допрва треба да бидат потврдени од СБТИ.

„Шварц груп“ се приклучи на „СБТИ“ во 2020 година. Како дел од сопствената иницијатива „Ресет пластик“, трговецот на мало  од 2017 година ја намали употребата на пластика во пакувањето со приватни етикети и транспортните помагала за 34%, надминувајќи ја првичната цел на заштеди  до 2025 година да заштеди до 30%. Актуелниот еколошки оддел на холдингот „ПреЗеро“, влезе на пазарот за управување со отпад во 2018 година и оттогаш го прошири своето портфолио со стекнување на компании за управување и рециклирање отпад во повеќе од 10 европски земји.

 „Шварц група“ се обврза од употребува 25% рециклиран материјал за своите пакувања до 2025 година како дел од иницијативата „Ресет пластик“ .

  „Алди суд“, исто така, доби зелено светло за своите нови цели засновани на наука преку кои ќе се  постигне нето-нула емисии на стакленички гасови до 2050 година. Новите краткорочни цели имаат за цел да ги намалат емисиите од „Опсегот 1 и 2“ за 52% и емисиите од „Опсегот 3“ за 25%. до 2030 година.

 Посветеност за намалување на глобалното затоплување

„СБТИ“ беше лансиран во 2015 година за да помогне во справувањето со глобалните емисии на стакленички гасови. Според Парискиот договор од 2015 година, 175 земји во светот се согласија да ги намалат емисиите на стакленички гасови за да го ограничат зголемувањето на глобалната температура на 1,5 целзиусови степени, над прединдустриските нивоа.

Во 2019 година, кампањата „Бизнис амбиција за 1,5°C (BA1,5°C) беше лансирана за да се мобилизира приватниот сектор како дел од иницијативата „Трка до нула“ на ОН. Од повеќе од 1.000 членови, само околу 350 имаат поставено или се во процес на поставување целосна нето нула цел, објави „СБТИ“.

 Обврските од „Опсегот 3“ се голем предизвик

 Посветеноста на „Шварц група“ и „Алди“ постави стандарди во индустријата. На повеќе од 200 компании, кои го пропуштија рокот да постават нулта цели, „СБТИ“ ги отстрани нивните долгорочни цели „3“. Сепак, речиси две третини од овие компании сè уште имаа потврдени краткорочни цели. Емисиите од „Опсегот 3“ се однесуваат на ентитети кои само индиректно влијаат нагоре и надолу на синџирот на вредност на активностите на компанијата и затоа не се под нивна директна контрола.

 Себастијан Ренак е основач на „Алетос ритеил адвајсори“, меѓународен аналитичар и поранешен меѓународен дописник на Lebensmittel Zeitung (LZ), водечки економски неделник за FMCG–секторот.  Има големо практично искуство во индустријата како поранешен член на оперативните тимови на „Шварц груп“ и „Метро груп“ во Полска, Украина и Русија.

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...