Анализи

Германија: „Лидл“ ги напаѓа „Акшан“ и „Икеа“ со својот асортиман на непрехранбени производи

13 Aug 2024

„Лидл“ се бори да ги унапреди квалитетот и вредноста на своите непрехранбени производи од својата приватна трговска марка. Како сериозен конкурент, не само во офлајн туку и во онлајн каналот се појавува холандскиот дискотер „Акшан“, но вистинска закана доаѓа и од новите учесници,  од онлајн играчите како што се кинеските „Тема“, „Шеин“ и „Али експрес“.

 Пишува: Себастијан Ренак, меѓународен ритејл аналитичар

„Лидл“ повеќе не е дискотнер за храна. Неодамнешните напади со ниските цени  на „специјалистот“ за непрехранбени производи „Акшан“  и симболот за мебел и производи за домаќинството „Икеа“ на домашниот пазар на „Лидл“,  во Германија, покажуваат дека деловниот модел „Лидл“ одамна стана модел на хипермаркет со попусти на асортиманот на свежи прехранбени, амбиентални и непрехранбени производи.

Со оваа директна споредба на цените, „Лидл“ официјално влезе во рингот со гигантите за непрехранбени производи. Од една страна, нето-продажбите од 125,5 милијарди евра пријавени за минатата финансиска година секако придонесуваат за зголемување на самоувереноста на оваа најнова маркетинг кампања на „Лидл“. Врз основа на проценките на индустријата, непрехранбените производи учествуваа со околу 10 отсто од продажбата на „Лидл“, што го става овој дискотнер на исто ниво со „Акшан“, кој оствари нето продажба од 11,3 милијарди евра низ Европа минатата година.

Од друга страна, непрехранбените производи стана критичен дел од деловниот  модел на „Лидл.“ Профитните маржи во овие категории за влез - излез се проценуваат на просечни 40 проценти, така што трговецот на мало не може да си дозволи да ги пушти другите конкуренти да влезат на теренот без борба.

Важна улога играат и сезонскиот асортиман во категоријата текстил, производите „направи сам“, како и производите за домаќинството. Мотивот да одвоите време од вашиот напорен ден и да отидете во продавница на „Лидл“ за да набавите квалитетна косилка, комплет шрафцигери или бебешка облека по конкурентна цена е многу поголем отколку за бесплатна промоција „1+1“ во делот за млеко. Во овој случај, купувањето храна може да биде само дополнителна активност на потрошувачот. Фактот дека купувачите станаа многу повнимателни за трошењето во овие дискрециони категории отколку пред инфлацијата додава уште едно ниво на сложеност.

„Лидл“ и „Акшан“ не се натпреваруваат само во офлајн светот. Во многу земји, веб страницата на „Лидл“ наликува на продавница за непрехранбени производи, со цел да се ослободи од големите залихи на овој вид производи и во исто време да го трансформира својот бизнис во меша  офлајн и онлајн модел. На својот домашен пазар, како и на пазарите во Франција, земјите од Бенелукс, Шпанија, Чешка и Словачка, почетната веб страница на „Лидл“ прикажува онлајн продавница наместо традиционална понуда на физичка продавница. Патем, ова се земји каде што „Акшан“ е исто така присутен и има рапиден раст. „Акшан“ сега ги нуди своите производи онлајн на својот домашен пазар во Холандија, како и во Луксембург и Белгија. Онлајн продавницата во Белгија беше отворена дури кон средината на минатата година.

Ваквиот потег има и одбранбен аспект. Непрехранбениот сектор очекува зголемување на конкуренцијата на играчите од другата хемисфера, како што се „Шеин“ „Теми“ и „Али експрес“. Во гермаскиот „Епл ап стор“, „Тему“ е на првото место помеѓу апликациите за купување, „Али експрес“ е на второто, „Лидл плус“ на третото и „Шеин“ е на петтото место.

Себастијан Ренак е основач на „Алетос ритеил адвајсори“, меѓународен аналитичар и поранешен меѓународен дописник на Lebensmittel Zeitung (LZ), водечки економски неделник за FMCG–секторот.  Има големо практично искуство во индустријата како поранешен член на оперативните тимови на „Шварц груп“ и „Метро груп“ во Полска, Украина и Русија.

Фото: Себастијан Ренак



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...