Talk in Business

Talk IN business - Традицијата наспроти иновациите

19 окт 2016
 Традицијата наспроти иновациите
Речиси секој во Македонија има најмалку еден мобилен телефон, еден комјутер, лаптоп, таблет... И македонските потрошувачи, како сите во светот, постојано се на релација реалност и дигитален свет, сѐ повеќе стануваат зависни од единствениот клик што овозможува мал милион информации. Во моментите кога сѐ се развива со огромна брзина, а параметрите за добриот производ се сведуваат на тоа тој да биде квалитетен и да одговара на брзиот начин на живеење, меѓу потрошувачите се води борба меѓу тоа што консумирале некогаш и тоа што го носи новото време.

На осмата интерактивна Talk IN Business конференција, посветена на категоријата кафе и топли пијалаци, присуствуваа околу 30 претставници од компаниите: „Атлантик група", „АВТ-интернатионал", „Нестле Адриатик", „Алена рајска градина", „Кола", „Крашкомерц", „Рио кафе", РСМ и „Пакомак". Тие имаа можност да слушнат повеќе податоци од истражувачките агенции „Фокус маркетфоршунг" и од „Нилсен", а преку презентацијата на Дарко Булдиоски од интернет-академијата на Clear view, да навлезат во светот на социјалните медиуми кој нуди нови можности и искуства. Во текот на групните дискусии, како и на сите конференции досега, опуштено позборуваа за искуствата во дигиталната комуникација со потрошувачите, дадоа свои примери за своите кампањи, разменија мислења за културата на пиење кафе и топли пијалаци и подискутираа за насоката во која таа ќе се развива во иднина.
 
Првата презентација на „Фокус маркетфоршунг" понуди анализа на промоциите во флаерите на категоријата кафе и топли пијалаци. Според податоците на агенцијата, кои ги презентираше Весна Благојевиќ, менаџер за продажба за пазарите Србија, Македонија и Црна Гора, во земјава, топлите пијалаци во флаерите имаат удел од 5,2 отсто од целокупниот прехранбен сектор, што претставува највисок процент во однос на другите земји во регионот.
 
 
Пазарот на промоциите на кафето и на чаевите се развива, но тие најчесто се врзуваат за попустите. Сепак, во споредба со земјите од регионот, во Македонија попустите се најниски, до 20 отсто.

Втор настапи Дарко Булдиоски, предавач на интернет-маркетинг академијата на „Clear View", со излагањето на тема „Социјални медиуми: уште еден канал за промоција или можност за нови искуства?". Тој укажа на неопходноста од дефинирање на бизнис-целта како дел од стратегијата за настап на социјални медиуми, како и запознавање и таргетирање на вистинската целна публика.
 
Најголемиот предизвик на социјалните медиуми е да се најдат доволно вредни содржини за споделување и да се одржува нивниот континуиран пораст. Исто така, многу важно е и поврзувањето на офлајн и онлајн-светот.

Маша Сретеновиќ од одделението за соработка со трговски синџири, „Нилсен" – Србија,  во презентацијата, се задржа на глобалните, регионалните и на локалните трендови. Таа истакна дека традиционалното кафе е доминантен сегмент, кое зазема 84,2 отсто од продажбата во категоријата. Во Јадранскиот Регион (со исклучок на Црна Гора), во 2015 година беше забележан пад на категоријата во однос на претходната година, за што најмногу влијаеше падот на турското кафе.
 
Податоците покажуваат дека локалните брендови во категоријата кафе се најзначајни и оттука, Сретеновиќ укажа дека е потребна заедничка активација на производителите за тој сегмент да се „разбуди".

Во водичот низ категоријата кафе и топли пијалаци, може да прочитате за заклучоците од оваа конференција, изјави од учесниците и многу повеќе...

Конференцијата Talk IN Business ја организира македонската редакција на InStore, во соработка со Амбасадата на Хрватска во Македонија, „Нилсен", „Фокус маркетфоршунг" и со „Clear View". 
 


@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 


Слична содржина



Talk IN Business - Средства за домашна хигиена

12 авг 2016

Трендови: Познавањето на потрошувачот е клуч за иновативност

12 авг 2016

Talk IN Business - Уникатна приказна за единствено доживување

12 авг 2016

Talk IN Business - Иновацијата создава блага предност

12 авг 2016

Talk IN Business - Направете го потрошувачот среќен

12 авг 2016

Трендови: Современите текови на месната индустрија

12 авг 2016
Вчитува уште новости...