Одржани

Македонските професионалци го усовршуваа нивото на преговарање

02 Oct 2024

Во организација на агенцијата „Кликер маркетинг“ и магазинот Instore, со учество на професионалци од водечките производствени и дистрибутивни компании, на првиот ден од октомври во Public room успешно се реализира уште една обука за напредно ниво на преговарање со Дарко Лукиќ директор на AMMC (Agency for Management and Marketing Consulting).

Преговарањето е една од клучните алатки во секој сегмент на трговијата, а Дарко Лукиќ на присутните им го пренесе искуството од својата богата 20.годишна кариера која  успешно ја развивал на лидерските и менаџерските позиции во  мултинационални компании, како што се ING Bank Amsterdam, Nestle Adria, Henkel и FCB.

        

Со активно вклучување на секој од учесниците, преку одлично смислени презентации, Лукиќ детално ги пренесе своите знаења, и ги презентира најновите тактики и концепти на преговарање, како што е  БАТНА од „Harvard Business School”, примената на невронауката во преговарањето...

Во позитивна атмосфера, учесниците на обуката имаа постојана интеракција и дискусии, споделувајќи ги своите искуства и одговарајќи на поставените задачи од Лукиќ.

       

На обуката која беше наменета за професионалци кои сакаат да ги усовршат своите преговарачки методи, техники и вештини на напредно ниво, учествуваа компаниите „Кола“, „Алкалоид“, „АВТ Интернешнл“,„Алма М“, „Техноалат комерц“, „Подравка“ и  „Саманта“.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...