Со учество на дваесет учесници од седум компании, успешно заврши уште една работилница организирана од „Кликер Маркетинг“ и магазинот InStore.
Работилницата се одржа на 29.мај во „Паблик рум“ на тема „Мотивација на тимови што носат резултати“ со Ениса Селмановиќ – Салкиќ, експерт за човечки ресурси, лидерство, личен, тимски и организациски развој.
Со своите знаења и искуство, Ениса Селмановиќ - Салкиќ, повеќе од 18 години, им помага на компаниите да се реорганизираат, организираат процеси и да се развиваат во насока на зголемена ефикасност и профитабилност.
Учесниците на обуката имаа можност преку бројни примери да дознаат повеќе на кој начин може успешно да се мотивираат и да ги мотивираат своите работни тимови.
Преку вежби, на едноставен и прецизен начин Селмановиќ – Салиќ откри колку е важна дисциплината како извор на мотивацијата, како успешно да се справува појавата на демотивацијата, какви промени треба да се направат за да се дојде до тимски успех, но и кога треба да се запре, затоа што не може бесконечно и неуспешно да се да се мотивирате себеси и другите.
На крајот, Селмановиќ – Салкиќ ја заврши обуката со зборовите: Мотивацијата нѐ движи, но дисциплината прави констатно да одиме напред!
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.