Одржани

Со динамична обука до практично знаење и инспирација

08 Mar 2024

 На обуката наменета за продажните експерти, професионалци од областа на шопер-маркетингот и трејд-маркетингот присуствуваа 47 учесници од 20 компании од Македонија и од регионот.

Приреди: Редакцијата на InStore

Скопје уште еднаш беше место каде што професионалците од FMCG-секторот можеа да научат нешто повеќе од докажани светски експерти. Тимот на „Кликер маркетинг“ и тимот на InStore на 6 март ја имаа честа да бидат домаќини на светски познатиот FMCG-експерт за продажба и маркетинг Tony Durham.

Обуката ја одбележаа импресивното знаење на Tony Durham и енергичното презентирање на клучните нешта за работењето, поткрепени со многубројни примери. Во неколкучасовната обука тој одговори на прашањата: Како купувачите носат одлуки за купување; Што го привлекува, а што го задржува нивното внимание; Како да развиете маркетиншки тврдења кои даваат продажни резултати?

Динамичната обука, во која беа презентирани повеќе од 450 слајда со конкретни примери, им овозможи на учесниците да дознаат како да ја искористат науката за однесување на купувачите за да остварат поголема продажба и профит. Како најдобро да се позиционираат на полица, како да се одвојат од другите, како да бидат различни и храбри во своето работење и со тоа да постигнат врвни резултати во продажбата. Меѓу другото, тие дознаа кои се пораките што носат поголема продажба доколку се креираат вистинските, ефективни маркетиншки тврдења за брендовите.

                                                          

Чест ни беше што меѓу учесниците беа претставници од компаниите – производители, трговци и дистрибутери, за кои феноменалниот Durham обезбеди еднакво корисни совети кои лесно можат да се применат во нивното работење. На обуката присуствуваа 47 учесници од 20 компании од Македонија и регионот.

И овој пат нашата цел да ги организираме најдобрите настани, каде што своето знаење ќе го споделат атрактивни светски, регионални и домашни експерти, е исполнета. Учесниците беа воодушевени од структурираниот и длабок осврт и, како што истакнаа, за нив ова е една од ретките обуки каде што применливоста во бизнисот е инстантно опиплива. А едуцираните и професионалните вработени секогаш биле и ќе бидат темел врз кој се надградува работењето на целата компанија.

                                                         

 

Затоа, продолжуваме со организација на најдобрите обуки и работилници. Бидете во тек на: www.instore.mk.

 

ЗА ОБУКАТА РЕКОА:

 

Ана Димовска, „Империјал Тобако“

Знаењето што го поседува Tony Durham е несомнено импресивно, а тоа што ја прави оваа обука незаборавна е неговото маестрално презентирање, енергија и способноста да го задржи вниманието на публиката додека трае обуката. Водејќи нѐ низ психологијата на потрошувачите, објаснувајќи низ одлични примери зошто мозокот функционира како што функционира и кои се еволуциските корени на истото, Durham дава еден структуриран и подлабок осврт на тоа што веќе го знаеме и применуваме, а воедно пренесува и инспирира нови идеи и сознанија. Ова е една од ретките обуки каде што применливоста во бизнисот е инстантно опиплива и верувам дека и другите учесници си заминаа со многу нови идеи за подобрување на искуствата на потрошувачите!

Моника Миленкоска, „Орбико“ – Македонија 

Низ призма на глобални примери на еден спонтан и едноставен начин беше изнесена сериозно квалитетна обука за глобалните влијанија врз однесувањето на купувачите. Обуката опфати теми за тоа како брендот да биде забележан од купувачите, кој е главниот фокус на вниманието на купувачот, кои се значајните фактори на одлучување кај потенцијалните купувачи... Теми кои секако го унапредуваат нашето работење како дистрибутери.

 

Дамјан Зец, „Арис"

Предавањето на Tony Durham беше многу интересно, поучно и инспиративно. Успеа да ги долови различните концепти на психологијата на купувачите и маркетиншките трикови кои би биле корисни за сите македонски фирми.

                   

                                                                                

                                    

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...