Нови

Обука: NEXT LEVEL ПРЕГОВОРИ за ТРГОВЦИ и ДОБАВУВАЧИ. Дали и колку сте спремни за преговори?

14 Aug 2024

На 1 октомври во организација на  InStore  ќе се одржи еднодневна обука за напредно ниво на преговарање „NEXT LEVEL ПРЕГОВОРИ за ТРГОВЦИ и ДОБАВУВАЧИ“ која ќе ја води Дарко Лукиќ, директор на AMMC (Agency for Management and Marketing Consulting). Локација: Public Room. 

Обуката е наменета за:

  • FMCG професионалци за продажба од производствени и дистрибутивни компании;
  • FMCG професионалци од малопродажните синџири;
  • професионалци задолжени за тактички и/или секојдневни преговори;
  • професионалци задолжени за стратешки и/или годишни преговори;
  • професионалци кои сакаат да ги усовршат своите преговарачки методи, техники и вештини на напредно ниво;
  • професионалци за продажба, менаџери за клучни купувачи, менаџери за продажба, категори-менаџери...

Бројот на места е ограничен!

 

АГЕНДА

08:30-09:00 Регистрација на учесници

09:00-10:30
КАКО ДА СОЗД
АДЕТЕ „WIN-WIN“ СО КУПУВАЧОТ? ФОКУСИРАЈТЕ СЕ НА ИНТЕРЕСИТЕ, А НЕ НА ПОЗИЦИИТЕ

  • Процесот и фазите на традиционалните комерцијални преговори;
  • „Harvard Business School” концепт за преговори: БАТНА
  • „Harvard Negotiation Project”: преговарање позиција vs. интерес;
  • Примена на невронауката во преговарањето: рационални наспроти емоционални елементи на преговарање и одлучување;
  • Когнитивната пристрасност и преговарање
  • „Тактичка емпатија“ во преговорите;
  • „Labeling”, „Mirroring” и сумирање во преговорите;
  • „Тоа е точно“ момент во преговарањето;
  • Откривање на „Црните лебеди“ во преговорите;
  • „F Bomb“ во преговори!

 

10:30-10:45 Кафе пауза

 

10:45 –12:15
СТРАТЕГИИ, ТАКТИКИ И КОМУНИКАЦИСКИ ВЕШТИНИ ВО ПРЕГОВАРАЊЕТО

  • Типови на купувачи и стилови на преговарање според типот на купувачот;
  • Традиционални стратегии и тактики за преговарање;
  • Примена на теоријата на игри во преговарањето;
  • FBI и CIA техники на вербална и невербална комуникација и нивна примена во комерцијални преговори;
  • Како да се користи тонот на гласот за поуспешни преговори;
  • Како да се користи проактивно или емпатично слушање;
  • Ефектот „Empty the Bucket“ во преговорите;
  • Креирање на илузија за контрола на другата страна во преговорите;
  • Тимско преговарање и неговите специфичности.
     

12:15–13:15 Пауза за ручек
 

13:15–14:45

СТУДИЈА НА СЛУЧАЈ И “ROLE PLAY”: ТЕШКИ ПРЕГОВОРИ

  • Брифинг за вежбата;
  • Практична работа во групи и „Role play“;
  • Дискусија, фидбек и заклучоци;
  • Интерактивна дискусија: „Rethinking Negotiations” (врз основа на подготвително читање на статијата од „Harvard Business Review“)

 

14:45–15:00 Кафе пауза

 

15:00–16:30

СТУДИЈА НА СЛУЧАЈ И „ROLE PLAY”: ТИМСКИ ПРЕГОВОРИ

  • Брифинг за вежбата;
  • Практична работа во групи и „Role play“;
  • Дискусија, фидбек и заклучоци;
  • Интерактивна дискусија: „Negotiation with Customer You Can’t Lose” (врз основа на подготвително читање на статијата од „Harvard Business Review“)

 

ЗА ПРЕДАВАЧОТ:

Дарко Лукиќ, директор на AMMC (Agency for Management and Marketing Consulting)

Во текот на неговата 20-годишна корпоративна кариера тој се унапредувал на менаџерски и лидерски позиции (бренд менаџер, сениор бренд менаџер, key account менаџер, регионален маркетинг директор, извршен директор) во мултинационалните компании ING Bank Amsterdam, Nestle Adria, Henkel и FCB, каде постигнал значителни деловни резултати. Како дел од менаџментот на компанијата и тимот на Хенкел Австрија и Србија, каде што речиси 9 години ја извршувал функцијата регионален маркетинг директор, е добитник на повеќе признанија и награди на регионално и глобално ниво, за успешни деловни резултати.

Кариерата како консултант за менаџмент, маркетинг и продажба, истражувач во областа на потрошувачката невронаука и предавач ја започнал во 2016 година со основање на агенцијата AMMC d.o.o. (Agency for Management and Marketing Consulting) која ја предводи како извршен директор.

До денес има соработувано со бројни домашни, регионални и меѓународни компании и организации, како што се: EBRD, UNICEF, Atlantic Group, Orbico, Podravka, AWT, Alca, JGL, Fructal, Perutnina, DM Drogeriemarkt, Lidl, Delhaize, Heineken, Philip Morris, Molson Coors, Pepsico, Inter Snack, Berlin Chemie, Imperial Tobacco, Stihl, Lesafre, Pernod Ricard, Nelt Group, Naftna Industrija Srbije, Delta Holding, MK Group, ComTrade, Nectar, Don Don, Nomad Foods (Frikom), Alkaloid, Stobi, Vitaminka, Tikveš, Pelisterka, Makprogres…

Член е на IAA (International Advertising Association) и AMA (American Marketing Association).

Маратонец и Ајронмен, со над 50 завршени полумаратони (21,1 км), 32 завршени маратони (42,2 км), 13 Ајронмен 70,3 триатлони (113 км) и 2 Ајронмен 140,6 триатлони (226 км).

 

КОТИЗАЦИИ

1 лице - 199 евра за 1 учесник

2 лица од компанија - 189 евра по лице

3 лица од компанија - 179 евра по лице

4 и повеќе лица од компанија - 169 евра по лице

(ДДВ не е вклучен во цената)

Во цената на котизацијата е вклучено следење на предавањето, сертификат, ручек, пијалаци и кафе за време на паузите.

 

ПРИЈАВИ И КОНТАКТ

meri@instore.mk

Мери Каталиниќ, 071 262 441



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...