Свет

„Реве“ се повлекува од украинскиот пазар

17 Sep 2020

По повлекувањето од Хрватска и Италија, малопродажниот синџир „Реве интернационал“ неодамна одлучи да се повлече од украинскиот пазар.

Трговецот беше присутен во оваа источноевропска земја со дисконтерот „Била“ и веќе склучи договор за продавање на продавниците на компанијата „Новус“ - Украина, која работи во рамките на концернот „Консул трејд хаус УАБ“.

„Новус“ - Украина ќе има 100% удел во продавниците на „Била“ во Украина, а за конечно преземање е потребна согласност од украинската агенција за заштита на пазарната конкуренција

„Новус“ е основана во 2008 година, а истата година беше отворен нивниот прв супермаркет во земјата. Во моментов, во Украина има над 46 маркети со вкупна површина од 220.000 квадратни метри.

„Реве“ ја отвори својата прва компанија во Украина во 1998 година, а првата продавница на „Била“ беше отворена во Киев две години подоцна. Во моментов, овој дисконтер во Киев и неговата околина има 35 продавници.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...