Свет

„Лента“ почна со продажба на „Али експрес“

24 Jun 2020

„Лента“ отвори онлајн-продавница на најголемата виртуелна трговска платформа – „Али експрес“.

Во понудата на оваа платформа, во моментов, има 1.000 артикли, а за неколку месеци тој број ќе се зголеми на 15.000 производи. Асортиманот го сочинуваат најпопуларните категории прехранбени производи со долг рок на траење и непрехранбени производи.

Потрошувачите можат да нарачаат на официјалната веб-страница lenta.aliexpress.ru, а за подготовка на нарачката ќе биде задолжен партнерот за дистрибуција – „Гет фастер“. Времето за испорака е еден ден, а овој месец услугата ќе биде бесплатна доколку износот на нарачката надминува 3.000 рубли (38,5 евра). Пилот-проектот ќе се спроведе во центарот на Москва, по што ќе продолжи и во Санкт Петербург.

Дмитриј Скиба, директор на новиот бизнис на „Лента“, вели: Благодарение на пилот-проектот, ќе можеме да ги понудиме нашите производи на голем број корисници на интернет-платформа. Ќе ги анализираме потребите на купувачите на „Али експрес“, ќе го приспособуваме асортиманот за нив и ќе направиме уникатни понуди.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...