Свет

Полскиот синџир „Жабка“ отвора продавници без трговци

17 Jan 2019

Најголемиот полски синџир на прехранбени маркети, „Жабка“, со технолошката компанија АиФиС договори отворање автоматизирани продавници без трговци. 

Иновацијата ја објавија двете компании, на светскиот саем за малопродажба NGF BIG RETAIL SHOW 2019 во Њујорк. 

„Жабка“ е синџир со повеќе од 5.400 продавници со просечна површина од по 70 квадратни метри. АиФиС, пак, е технолошка компанија која развива најнапредни софтвери за автоматизација на маркетите низ светот. Нивната соработка ќе овозможи отворање целосно автоматизирани продавници кои ќе работат 24 часа дневно, седум дена во неделата. Концептот прво ќе биде испробан на неколку сезонски локации, а потоа ќе се проширува на останатите продажни места. 

 

 

 

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...