Свет

Расте продажбата на органски производи

27 Sep 2018
Продажбата на органски или „био“ производи во Романија забележа пораст од 30 отсто оваа година, покажа истражувањето на онлајн-продавницата Getbio.ro.​
 
Најдобро продавани органски производи во земјата се храна, додатоци за храна, козметика  и детергенти. 
 
Романскиот био-пазар е проценет на околу 20 милиони евра и има висок потенцијал за пораст. Малопродажниот сектор ги прифати органските производи и за оваа категорија обележа посебни рафтови во продавниците. 

Од земјите во Европа, Германија има најголема продажба на органски производи – во вредност од околу 9,5 милиони евра, објави „Романија Инсајдер".



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...