Свет

САД: Над 50 кинески компании се на црната листа за извоз

27 Mar 2025

 САД додадоа повеќе од 50 кинески технолошки компании на својот список за забрана на извоз во првата ваква одлука на администрацијата на Доналд Трамп, со цел да го намалат капацитетот на Пекинг во развојот на вештачка интелигенција и напредни компјутерски технологии.

Бирото за индустрија и безбедност на американското Министерство за трговија стави на список вкупно 80 организации, меѓу кои 50 од Кина, и забрани на американските компании да им доставуваат производи без владини дозволи, пренесува „ЦНБС“.

 Компаниите биле казнети поради наводно дејствување против американската национална безбедност и интересите на надворешната политика, што е дел од напорите на Вашингтон да го ограничи пристапот на Пекинг до компјутерска технологија која може да обработува огромни количини податоци со многу висока брзина.

Десетици кинески стопански субјекти биле на мета поради нивната наводна вмешаност во развојот на напредна вештачка интелигенција, суперкомпјутери и чипови со високи перформанси за воени цели, соопштило  Министерството за трговија.

На црната листа се 27 кинески компании кои купуваат производи потекло од САД, кои се користат за модернизација на кинеската војска, како и седум компании кои поддржуваат развој на кинеската квантна технологија.

Кинеското министерство за надворешни работи соопшти дека силно го осудува ограничувањето на извозот и повикува САД да престанат со генерализирањето на националната безбедност, пренесува „Ројтерс“.

 

Извор: biznis.rs

Фото: Pexels



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...