Свет

САД: „Волмарт“ и „ЏП Морган Чејс“ потпишаа договор за партнерство

27 Mar 2025

Компанијата „Волмарт“ и банкарскиот гигант „ЏП Морган Чејс“ потпишаа договор за партнерство со цел да се забрза процесот за плаќање на производите на трговците кои продаваат преку онлајн платформата на „Волмарт“, пренесува „Ројтерс“.

Имено, договорот ќе им овозможи на продавачите кои ја користат онлајн платформата за е-трговија на „Волмарт“  поефикасно да примаат плаќања и да вршат исплати. Во исто време, трговците ќе можат подобро да управуваат со својот готовински тек користејќи системи обезбедени од „ЏП Морган Чејс“.

Платформата на „Волмарт“ е значаен играч во е-трговијата, нудејќи повеќе од 700 милиони производи од околу 100.000 различни продавачи. Компанијата објави импресивен раст од 40% во продажбата преку својата платформа во последниот квартал.

Лиа Као, раководител за финансии и решенија во „ЏП Морган Чејс“, објасни како ова партнерство ќе им го олесни работењето на трговците.

 За „ЏП Морган Чесј“, влегувањето во партнерство со овој трговец претставува стратешки потег и важна можност за понатамошен раст во областа на вградените финансии, истакна Као.

Услугата моментално е достапна само за трговци во САД. Сепак, според Као, во тек се дискусии за потенцијално проширување во иднина на услугата на европскиот пазар и други региони.

 

Извор: Poslovni dnevnik

Фото: „Волмарт“



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...