„Нестле“ ги најави плановите за следната година за своите производни локации во Конов и Неус.
Во Конов каде што се произведуваат кулинарските производи под брендовите Maggi и Garden Gourmet, вработени се 80 луѓе, ќе биде дислоцирана на друга локација во Европа, а сегашните простории ќе бидат продадени на друга компанија. Од компанијата наведуваат дека целта на ваквиот потег е подобрување на конкурентноста на производните погони во Германија и максимизирање на ефикасноста во европските операции.
Ваквата промена е неопходна за позиционирање на нашата компанија во иднина во Европа и Германија. Ова беше тешка одлука која ја донесовме после интензивното испитување и разгледување на целата ситуација, изјави Фабрис Јохан, главен технолошки директор во „Нестле“ – Германија.
Исто така, компанијата ги најави плановите и за затворање на својата фабрика во „Неус“ во 2026 година. На оваа локација се произведуаат производите од брендот Thomy. Како што наведуваат од компанијата, во тек е потрата за екстерни решенија кога е во прашање маслото Thomy додека производството на стаклени и пластични шишиња ќе биде префрлена на друга локација во Европа. Производството на сенфот и мајонезот во туби ќе биде префрлено во фабриката во Лудингхаусен.
Оваа одлука е резултат на чувствителноста на цените меѓу потрошувачите и растечките трошоци, што доведува до намалување на обемот и прекумерните капацитети.
Се наоѓаме во структурно силен регион, а нашиот персонал е висококвалификуван. Нашата цел е да пронајдеме погодни можности за нашите вработени во блиска соработка со Федералната агенција за вработување и Индустриско – стопанската комора. Затоа ќе ги контактираме и другите компании во регионот за да им овозможиме најдобра можност за поддршка на нашите работници во транзицијата, изјави Маркус Ворман, директор на фабриката во Неус.
Како дел од реструктирањето, „Нестле“ ќе инвестира 13 милиони евра во модернизација на локацијата во Лудингхаусен и во воспоставувањето на нови производни линии создавајќи 30 нови работни места.
Извор: FoodBev
Фото: „Нестле“
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.