Групацијата „Реве“ најави проширување својот возен парк со три нови електрични камиони, кои ќе се користат за урбани испораки во Виена.
Се проценува дека камионите, со домет од повеќе од 300 километри и капацитет на батеријата до 375 kWh, ќе заштедат 84 тони CO2 годишно.
Со воведување на е-камиони, правиме клучен чекор кон намалување на емисиите во транспортот, а во исто време овозможуваме еколошки и ефикасен градски транспорт, изјави Марсел Харашти, член на управниот одбор „Реве интернешнл АГ“.
Групацијата во Австрија моментално има возен парк од 369 камиони и 207 приколки. Поради густата градска инфраструктура, електричните возила имаат јасни предности – ефикасниот систем за полнење овозможува работа во две смени од 8 до 10 часа. Времето на полнење на батеријата на камионот е околу 2,5 часа, со максимална моќност на полнење од 150 kW.
Извор: InStore.rs
Фото: „Реве“
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.