Анализата на порталот „Шмагле“ покажува дека иако од минатиот Божик е значително порасната цената на чоколадото, во Германија побарувачката за чоколадо бележи пораст.
Чоколадните фигури од Дедо Мраз, зависно од брендот и големината, годинава се поскапи речиси за половина, додека чоколадните срца се поскапи за една третина повеќе од минатата година. Медените срца и медењаците со џем и чоколаден прелив се поскапени за 12 отсто.
Цената на чоколадото во претходните години е зголемена, но, според податоците на Конфедерацијата на здруженија на производители на слатки, потрошувачката постојано расте. Имено, секој Германец во 2018 година консумирал годишно нешто повеќе од девет килограми чоколадо, а во 2023 година нешто помалку од 10.
За 12 месеци млечното или темното чоколадо поскапело и до 17 отсто, а кутија со 10 чоколада за деца за речиси осум отсто.
Производителите на чоколадо најавија поскапувања на почетокот на годинава, поради нискиот принос на какао по сушата, преголемиот дожд и болестите на растенијата. Како резултат на тоа, цената на какаото скокна на рекордно високо ниво од повеќе од 10.000 евра за тон во април. Иако оттогаш поевтини, сепак цената е висока.
Според германските статистички податоци, просечната чоколадна табла во октомври била за 9,1 отсто поскапа отколу пред 12 месеци, чоколадата и другите производи од чоколадо за 7,6 отсто, а пралините и шест нугат намази за 6,6 отсто.
Извор: dpa
Фото: Pexels
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.