Свет

Велика Британија: „Кока Кола Еуропацифик партнерс“ инвестира 42,3 милиони фунти во логистика

26 Nov 2024

„Кока Кола Еуропацифик партнерс“најголемиот независен производител на Coca-Cola во светот, објави дека планира да инвестира 42,3 милиони фунти во својот производствен капацитет во Вејкфилд.

Како дел од инвестицијата, компанијата сака да ги подобри можностите за складирање на локацијата во Вејкфилд преку изградба на нов автоматизиран магацин (АСРС).

Новиот магацин ни овозможува да продолжиме да ги шириме нашите производствени капацитети додека гледаме во иднината и работиме што е можно поефикасно и одржливо, изјавиВанеса Смит, директор за операции на синџирот на снабдување на компанијата во Вејкфилд.

Вејкфилд е во срцето на многу од нашите најнови производствени технологии. Од 2019 година инвестиравме повеќе од 100 милиони фунти  за да го развиеме нашето локално работење с и да ја поддржиме локалната економија, рече Стивен Мурхаус, извршен директор на компанијата за Велика Британија.

Компанијата проценува дека овој потег ќе го зголеми капацитетот на складиштето од 29.000 на 58.500 палети, што ќе резултира со намалување на бројот на патувања за околу 18.500 патувања годишно.

Компанијата истакнува дека до 2025 година ќе инвестира 375 милиони фунти во иницијативи кои помагаат да се зголеми одржливоста на работењето на компанијата.

 

 

 

 

Извор: FoodBev

Фото: Pexels



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...