Свет

Германија: Забрана за рекламирање на суплементи против мамурлак

22 Nov 2024

Вишиот суд на Франкфурт донесе одлука со која се забранува рекламирањето и продажбата на прехранбените суплементи кои се означени дека се против мамурлак.

Според одлуката се забранува на прехранбените производи да им се припишуваат својства за превенција или лечење на болести. Мамурлакот предизвикан од консумирањето на алкохол исто така се смета за болест.

Ваквото толкување има за цел да ја спречи опасноста прехранбените производи да се гледаат како замена за лекови и да се користат без адекватни информации, наведува судот.

Од судот дополнително образложуваат дека изјавите и тврдењата дека одредени прехранбени производи се погодни за превенирање или за ублажување на овие симптоми се недозволени.

Во конкретниот случај, тужената страна нудела преку „Амазон“ минерални таблети со ознака дека се против мамурлак. Тужителот го оспорил рекламирањето и продажбата, а пресудата за овој случај сѐ уште не е правосилна.

 

 

Извор: dpa

Фото: Pexels



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...