Свет

Германија: Драстичен пад на странските директни инвестиции

25 Oct 2024

Според извештајот на „Бундесбанк“ странските директни инвестции во Германија драстично опаднале.

Германија го изгуби чекорот во споредба со европските конкуренти како што се Франција и Шпанија,  се вели во статијата изработена на основа на извештајот на „Бундесбанк“.

Авторите на статијата додаваат дека дополнителнителен капитал од другите земји од крајот на 2021 година речиси и да нема. Приливите од земјите надвор од еврозоната и натаму се во плус, „но во споредба со годините од крајот на 2019 година и крајот на 2021 година, значително се намалиле“.

Помеѓу 2020 и 2021 година странските компании заедно инвестирале капитал над 100 милијарди евра во Германија, од тогаш па до средината на годинава инвестирани се над 62 милијарди евра.

Во 2022 година може да се воочи статистички значителен прекин на трендот, кој довел до прилично помал прилив на директни инвестиции во Германија, наведуваат од „Бундесбанка“.

Истовремено се истакнува дека нема назнаки за „целосно повлекување на меѓународните инвестиции“.

Додека сите директни инвеститори од САД и Холандија, „и пред и после овој прекин на трендот“, играа значајна улога, приливот на средства од Обединетото Кралство во текот на последните две и пол години значително опаднале.

Според „Бундесбанк“ една од причините за тоа може да биде Брегзит, но причините за намалувањето на приливот од директните инвестиции во Германија не можат со сигурност да се утврдат.

 

Извор: dpa

Фото: Pexels



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...