„Шпар“ најави воведување на разнобојни електронски цени во своите продавниците со цел на потрошувачите да им се понуди модерно и практично искуство во купувањето.
Од компанијата истакнуваат дека разнобојните цени зад кои стојат „Вижн груп“ и „Вижн клауд“, им даваат во реално време на потрошувачите податоци за производите и цените.
Покрај тоа, паметните цени кои се во четири бои, на вработени ќе им го олеснат означувањето и ажурирањето на цените, истакнуваат од компанијата.
Потребно е многу внимание за да се избере соодветна технологија, посебно кога се работи за означување на цените. Внимателно го тестиравме ова решение и задволни сме што на потрошувачите и на вработените можеме да им понудиме иновативно решение кое ќе ја промени иднината. Електронските етикети на полиците се важен чекор во дигитализацијата на нашата компанија и знак на нашиот квалитет и услуги, изјави Ханс К. Реих, извршен директор на компанијата „Шпар“ – Австрија.
До крајот на годината компанијата планира да ги воведе ваквите цени во околу 200.продавници вклучително и во франшизите.
Извор: InStore.rs
Фото: „Шпар“.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.