„Ројтерс“, пренесува дека „Пепсико“ ги најави плановите за инвестирање на 400 милиони долари во изградбата на две нови фабрики во Виетнам.
Првата фабрика чија вредност е над 300 милиони долари ќе биде насочена кон производство на пијалаци и ќе биде изградена во виетнамската провинција Лонг Ан.
Втората фабрика ќе биде изградена во северната провинција Ха Нам, таа ќе биде за преработка за храна и нејзината вредност се проценува на 90 милиони долари.
Новите фабрики ќе користат енергија од обновливи извори.
Како пренесува „Ројтерс“, сѐ уште не е познато кога фабриките ќе започнат со работа. „Пепсико“ ги најави плановите за започнување на фабриката во Ха Нам во третиот квартал од 2025 година.
Извор: „ФудБев“
Фото: „Пепсико“
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.