Свет

Летонија: „Максима“ го шири асортиманот на вегански производи

18 Jul 2023

„Максима“ најави дека значително ќе ја зголеми достапноста на вегански производи во својата мрежа продавници во Латвија. Веганските производи во иднина ќе бидат достапни и во продавниците од форматот „Максима X“. 

Покрај тоа, значително е проширен и асортиманот на растителна основа во „Максима XX“ и „Максима XXX“ продавниците за речиси 50 отсто. 

Се почесто забележуваме дека купувачите во нашите продавници имаат тенденција во својата исхрана да вклучуваат повеќе производи на растителна основа и да бараат алтернативи на вообичаените животински производи. Со проширениот асортиман вегански производи, нашите купувачи ќе имаат повеќе можности секојдневно да носат одржлив избор и да ги збогатат и освежат своите дневни оброци со нови вкусови и богати хранливи материи, соопштија од „Максима“ - Латвија. 

Сега, на купувачите им се достапни 65 вегански производи, во асортиман што вклучува 16 различни СКУ и повеќе од 50 готови вегетаријански оброци. 

Извор: esmmagazine
Фото: Maxima



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...