„Монделез“, произведувачот на Toblerone, ќе префрли дел од производството на своите култни триаголно чоколади од Швајцарија во Словачка, во текот на следната година.
Како причина го наведува силниот пораст и потребата за зголемување на капацитетите.
Toblerone првпат беше лансиран во 1908 година и ексклузивно се произведува во Швајцарија од раните 1990 - ти години.Според строгите швајцарски правила за означување на производите, чоколадо направено во странство не може да се нарекува швајцарско, но од компанијата производител не се изјаснија дали Toblerone ќе го смени пакувањето.
Неодамна кондиторскиот гигант „Монделез“ најави дека ќе го купи производителитот на енергетски барови „Клифбар“ за 2,75 милијарди евра, со што ќе го прошири своето работење.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.