Свет

„Монделез“ го купува „Клифбар“

23 Jun 2022

Американската компанија „Монделез“ најави планови за купување на производителот на енергетски чоколади „Клифбар компани“ за 2,9 милијарди долари. 

Оваа аквизиција во својот асортиман ќе ги вброи брендовите Clif, Luna и Clif Kid, правејќи ја така глобалната франшиза вредна повеќе од милијарда долари. 

„Монделез“ е вистински партнер за нас и веруваме дека ќе ни овозможи поддршка во нашиот натамошен раст. Имаме исти цели и култура, поради што фактот дека сега сме дел од една глобална компанија со широк асортиман производи може само да ни помогне во тоа да го забрзаме својот раст, соопштија од „Клифбар“. 

„Монделез“ ќе продолжи да ги произведува производите на Clif во своите фабрики во Ајдахо и во Индијана.

Се очекува трансакцијата да се затвори во третиот квартал од годинава. 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...