Свет

„Твитер“ воведува опција за известување за нови производи

16 Jun 2022

„Твитер“ воведе нова функција наречена Product Drops која им овозможува на корисниците на оваа социјална мрежа да добиваат известувања за новите производи на нивните избрани брендови.

Новата опција функционира така што откако брендот објави пост за претстојното лансирање на одреден производ, корисниците на „Твитер“ можат да го притиснат копчето „Remind me“ за да овозможат известувања за лансирањето на тој производ 15 минути пред тоа да се случи.

По добивањето на известувањето, корисниците ќе можат да изберат дали сакаат платформата да ги пренасочи на веб-страницата на продавницата каде што ќе можат да го купат посакуваниот производ.

Покрај опцијата за известување, корисниците ќе можат да видат и повеќе информации за овие производи, слики од производите, цена, како и впечатоци од другите корисници. Оваа функција моментално е достапна само за корисниците на уреди со iOS во САД.

Меѓу компаниите кои моментално ја тестираат оваа нова функција се Dior, Home Depot и LEGO Group.

Во јули 2021 година, компанијата ја лансираше опцијата за прикажување на брендови на нивните профили, проследена со функцијата Twitter Shops која им овозможува на трговците на мало да прикажат до 50 производи на нивниот профил.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...